Линкови за пристапност

Нема политичка волја за пресметка со корупцијата

  • Синиша Станковиќ

Интервју: м-р Илина Мангова од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје, за основањето на регионална коалиција за борба против корупцијата.

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје (ИДСЦС), граѓанска, невладина организација, основана 1999-тата, јануари годинава го започна двегодишниот регионалeн проект „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитетите за мониторинг, застапување и подигнување на свеста“, Проектот го финансира Европската унија, а се спроведува под лидерство на Центарот за изучување на демократија од Бугарија. Покрај ИДСЦС, во проектот учествуваат уште 14 организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција, кои основаат регионална коалиција за борба против корупцијата, а во период од две години ќе воспостават систем на следење на корупцијата во регионот, ќе вршат јавни консултации и ќе работат на подигнување на свеста на регионално ниво.

Илина Мангова: Улогата на Институтот за демократија и на другите граѓански организации е да потсети и да ги даде своите препораки за унапредување на антикорупциската политика и отчетност онаму каде што институциите потфрлуваат.

Илина Мангова: Улогата на Институтот за демократија и на другите граѓански организации е да потсети и да ги даде своите препораки за унапредување на антикорупциската политика и отчетност онаму каде што институциите потфрлуваат.

Според ИДСЦС, проектот треба да влијае врз „динамизирањето на граѓанско општество во регионот, да придонесе за осопособување на граѓаните да учествуваат во јавните дебати и да влијаат врз политиките и процесот на донесување на одлуки во областа на антикорупцијата и доброто владеење“.

За целите на проектот и за ситуацијата со корупцијата во Македонија и во регионот, разговаравме со м-р Илина Мангова, истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис’.

Глас на Америка на македонски: Какво е нивото на корупција во Македонија?

Илина Мангова: Во Македонија има високо ниво на корупција која се одржува и се провлекува во изминативе дваесетина години, но институциите не се доволно силни да ја детектираат, истражаат, гонат и осудат. Сепак, тешко е да
Партнери во коалицијата се: Албански центар за економско истражување (Албанија), Куќа на Европа (Албанија), Центар за истражувачко известување (Босна и Херцеговина), Центар за изучување на демократија (Бугарија), Сири и визионит (Косово), Институт риинвест (Косово), Институт за демократија Социетас цивилис - Скопје (Македонија), Македонски центар за меѓународна соработка (Македонија), Охрид институт за економски стратегии и меѓународни односи (Македонија), Центар за либерално-демократски студии (Србија), Форум за граѓански активизам Форца (Србија), Фондација за турски економски и општествени студии (Турција), Партнерство за социјален развој (Хрватска), Центар за демократска транзиција (Црна Гора) и Институт Алтернатива (Црна Гора), а асоцијативни партнери се и Регионалната антикорупциска иницијатива и Косовскиот правен институт.

се даде мерлива оценка за нивото на корупција, бидејќи истражувачките методи во голема мера се базираат на перцепција. Неопходно е борбата против корупцијата да се гледа на две нивоа и да се потенцира разликата помеѓу политичка и висока корупција од една страна и ситната и административната корупција од друга страна. Справувањето со политичката и висока корупција во Македонија е инцидентно и е мотивирано од потреба за намалување на политичката моќ на политичките противници и оставање на краткорочен впечаток кај јавноста дека власта се бори со корупцијата.

Глас на Америка на македонски: Кои се причините за неуспешноста во досегашната борба против корупцијата во Македонија?

Илина Мангова: Главна причина за неуспешноста на борбата против корупцијата е отсуството на политичка волја за борба против корупција. Ова прашање е ниско на агендата кај сите политички партии, пред сѐ, поради тоа што партиите не сакаат да откријат кои се нивните вистински извори на приходи. Немаме силни институции со интегритет кои би сочинувале ефективен и отпорен антикорупциски институционален систем. Секоја влада која сака да покаже дека има намера да се бори со корупцијата треба ги оспособи институциите кои имаат надлежност во антикорупцискиот систем. Тука, пред се`, влегуваат Јавното обвинителство, судството, антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, МВР и слично... Искуствата на соседните државни ни покажуваат дека нема да сведочиме за успешност во борбата против корупцијата, се` додека Македонија не започне преговори за членство во Европската унија.

Глас на Америка на македонски: Каква е улогата на Вашиот и на сличните проекти на НВО-секторот за менување на односот на општеството и на поединците кон корупцијата како повеќедецениски составен дел од секојдневото живеење на нашиве простори?

Илина Мангова: Улогата на Институтот за демократија и на другите граѓански организации е да потсети и да ги даде своите препораки за унапредување на антикорупциската политика и отчетност онаму каде што институциите потфрлуваат. Во услови кога политичките елити немаат интерес да се справуваат со ова прашање, не нудат издржани антикорупциски политики, а институциите не се доволно силни да вршат контрола и да понудат ефикасни антикорупциски решенија, граѓанските организации, како и медиумите, даваат уникатен придонес со тоа што ја пополнуваат празнината која настанува на овој начин.

Но, сами граѓанските организации не се доволно моќни да ги променат втемелените корупциски практики. Затоа, потребно е институциите повеќе да соработуваат со граѓанскиот сектор и да ги применуваат наодите и препораките кои доаѓаат од него. Корупцијата ќе се минимизира тогаш кога институциите во целост, неселективно, непристрасно и транспарентно ќе ги исполнуваат своите надлежности. Граѓанските организации тука можат да ги поттурнат работите, но власта и политичките партии се главните кои можат да го променат овој начин на живеење. Корупцијата е секаде присутна, но во земјите од пост-комунистичкиот блок овој проблем е многу поголем отколку во западните земји. Ќе бидат потребни многу институциски мерки, време и посветен политички ангажман за да престанат различните форми на корупција да бидат дел од секојдневното живеење.

Глас на Америка на македонски: Каков е Вашиот ства за антикорупцискиот модел во Македонија?

Илина Мангова: И покрај тоа што има раширено мислење дека антикорупцискиот модел кој е применет во Македонија е добар и дека генерално законите во Македонија се добри, искуството со нивната имплементација ни укажува на голем број на нивни недоследности и слабости. Во вака воспоставниот антикорупциски модел во Македонија нема водечка силна институција која има капацитет да се бори со корупцијата. Наспроти верувањата дека таа улога ја има Државната комисија за спречување на корупција, на ова тело не му се дадени ни технички, ни буџетски, нити законски надлежности да биде тоа. Ваквиот модел постои веќе 10 години и бавно ги поместува работите.

Моделот ќе се промени со стапувањето на сила на новиот Закон за кривична постапка, на 1-ви декември 2013-та година, со што Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ја преземе улогата на водечка агенција за борба против корупцијата, каков што е моделот во на УСКОК во Хрватска. Но, за оваа трансформација на Јавното обвинителство сигурно ќе бидат потребни една –две години. Дури потоа, ќе можеме да ја цениме работата на оваа институција и да видиме дали новиот модел функционира. Но, повторно треба да се напомене дека неопходна е политичка волја за Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, заедно со другите антикорупциски институции, да ја добие моќта која треба да има за да може успешно да ја гони корупцијата без разлика каде е детектирана.

Глас на Америка на македонски: ИДСЦС на 29 јануари одржа конференција „Дали антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија? – Клучни фактори кои го прават еден модел успешен“, на која беа презентирани наоди и препораки од истоимената студија за јавната антикорупциска политика во Македонија и на која беше заклучено дека Македонија има слаб антикорупциски систем...

Илина Мангова: Нашето истражување за антикорупцискиот модел во Македонија е единствено од ваков карактер и ја цени работата на Државната комисија за спречување на корупција во изминатите 10 години. Со конференцијата која ја одржавме во јануари 2013-та година ѝ ги презентиравме нашите заклучоци и препораки на јавноста. Мошне е битно што на конференцијата се одзваа политичките претставници и препораките за промена на антикорупциските политики сега се во нивни раце. Ние и понатаму ќе продолжиме да лобираме за имплементација на нови и подобрени мерки.
XS
SM
MD
LG