Линкови за пристапност

Сенаторот Викер во Хелсинки: Немаме друго оружје освен вистината


Сенаторот зборуваше за Руската редакција на Гласот на Америка

Глас на Америка: Кој е ставот на американската делегација за она што се случи со делегацијата од Русија. Дали го оправдувате тоа што нема руски претставници на овогодишното Парламетарно собрание на ОБСЕ?

Сенаторот Роџер Викер: Мислам дека Русија наметна ситуација во која нема победник за владата на Финска. Ако им дозволија на петмината од „забранетата листа“ на ЕУ да присуствуваат на состанокот, тогаш тоа ќе беше протолкувано како спротивно на веќе нашироко спротиставените санкции на Унијата. Ако од друга страна, го отфрлеа правото на петмината поединци да присуствуваат на средбата, тогаш руското раководство на ова ќе гледаше како на сочувствителен потег, а руската делегација ќе се чувствуваше како сочувствителна жртва во очите на финската влада. На ова гледам како на тактика на пропаганда од страна на руското раководство и воопшто не сум изненаден.

Глас на Америка: На состанокот ќе биде дискутирано за резолуцијата за руската агресија во Украина. Ова ќе биде втор пат како прашањето ќе се најде на дневен ред на Парламентарното собрание на ОБСЕ, и доколку биде усвоена, тоа ќе значи дека дефакто постои руска агресија во Украина. Што би значело тоа за меѓународните односи воопшто?

Сенаторот Роџер Викер: Секако дека немаме никакво оружје ниту тенкови на овој настан на ОБСЕ и јас не би поддржал такво нешто. Она што имаме е зборот и вистината. Она што ќе направиме денеска и утре – е да имаме цврст став. Патем, се согласувам, се работи за руска агресија, нема сомнеж за тоа. Анексијата од страна на структура на моќ на руската федерација, да го наруши интегритетот на границите на земја-членка на ОБСЕ. Вознемирувачки е, треба да се осуди и мислам дека треба да се пресретне со цврст став. Токму тоа и претседателот Путин го разбира, тој не разбира нијанси, тој разбира цврст став. Затоа треба да останеме на своето, како група која се залага за „непорозност на границите“, како група која се залага за владеење на правото и човекови права. По сите принципи од Финалниот акт на Хелсинки, треба да останеме со цврст став и да го наречеме ова како што е – акт на агресија. Треба да престане, треба да се анулира.

Глас на Америка: Претседателот Путин на претседателот Обама му го честиташе 4-ти јули, Денот на американската независност. Со тоа се чини има сигнали од Москва дека има расположение за дијалог. Дали ова е доволно убедливо за вас и како би се одвивала ситуацијата понатаму?

Сенаторот Роџер Викер: Секогаш е добро да се разговара. Посакувам руската делегација да беше овде – 10-мина членови на делегацијата коишто не беа на „листата на санкции“ да останеа, за да можеме да разговараме. Или Русија да испратеше 15 членови коишто не се на листата. Тоа ќе беше од помош, беа минатата година во Баку, годината пред тоа, во Истамбул, многу често во Виена. Да, разговорите се битни, дијалогот е битен, процесот од Минск е важен, но искрено, сега е потребно повеќе од зборови.

Глас на Америка: Кога станува збор за организација како Совет на Европа, базирана на вредности, и кога една од земјите-членки е работ на една од основните вредности како војна или агресија врз соседна земја, како би се справиле со една таква ситуација бидејќи тие се членови? Веројатно како со терористите, дали треба или не треба да се разговара за решавање на некое прашање. Кое е вашето решение?

Сенаторот Роџер Викер: Како земји-членки, сме се согласиле да се придржуваме на принципите на Финалниот акт на Хелсинки. Кога една од нашите земји-членки одлучи да прекрши некои од тие принципи, треба да го свртиме вниманието. Немаме право да воведуваме санкции, не можеме да испратиме мировни сили или војници, но може да ја зборуваме вистината и од нас токму тоа и се бара. Тоа е она што можеме да сториме, да ги обелодениме тие акти, за светската јавност да биде запознаена со мошне агресивниот, непотребен и нелегален акт од страна на овој заканувачки режим којшто во моментов ја контролира Русија.

XS
SM
MD
LG