Линкови за пристапност

Март да биде месец и на мажите


Март да биде месец и на мажите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Да се зголеми дискусијата и за улогата на мажот во општеството, порачаа соговорнички за Гласот на Америка, по повод 8-ми март

Новинарки, директорки, продуцентки, борци за права на жените и работнички за мир и социјална промена. Сите овие улоги ги опишуваат Лина Слакмулдер и Сухер Расул од меѓународната организацијата за изградба на мир во светот Search for Common Ground, со седиште во Вашингтон.

Овие две жени испратија заедничка порака за Меѓународниот ден на жената, 8-ми март: Никогаш не подлегнувајте на притисок.

Лина Слакмулдер, потпретседателка на организацијата, вели дека како жена новинарка и борец за мир во светот, имала само привелегии, а не пречки.

„Како новинар бев во можност да дојдам до информации кои моите колеги-мажи не можеа. Тоа е затоа што како жена можев да создадам чувство на доверба, и бидејќи на мене гледаа како на помала закана, за разлика од мажите“, вели Слакмулдер.

Според неа, изминативе 20 години, се зголемила улогата на жената во заедницата на три начини. Прво, вели Слакмулдер, жените можат да ги премостат подделените линии во услови на конфликт, што обично е предизвик за мажите.

„Второ, бидејќи жените често се жртви на насилство, тие се трудат да осигураат мир во светот, и најпосле, поттикнуваат нов вид на лидерство, што води кон одговорно и квалитетно општество. А тоа е различно од она што мажите можат да го направат“, објаснува таа.

За Сухер Расул, која работи за оваа организација во Ерусалим, клучот за родова еднаковост во општеството, е мажите да гледаат на жената како извор на цврстина, а не како закана.

„Жените треба да ги знаат нивните права и да учествуваат во промена на политиката. Ги охрабруваме да не се плашат, да ги надминуваат препреките во светот во кој се` уште доминираат мажите, со цел да се слушне нивниот глас и да заблескаат“, рече Расул.

А еве што друго им порача на жените за 8-ми март.

„Никогаш не прифаќајте статус кво. Мора секогаш да одите напред и да бидете инспирација за мир во светот“, нагласува Расул.

И Слакмулдер и Расул се убедени дека единствен начин да се постигне рамноправност меѓу мажите и жените, е квалитетно образование на децата од рана возраст.

XS
SM
MD
LG