Линкови за пристапност

Македонскиот претседател на Меѓународниот ден на џезот

  • Синиша Станковиќ

Ivanov

Ivanov

“Музика која ве поттикнува постојано да творите, да се движите напред и да постигнувате личен и целокупен напредок“, изјавил Ѓорге Иванов.

„Џез-музиката, е музика на слободата, на прогресот и напредокот. Тоа е музика која ве поттикнува постојано да творите, да се движите напред и да постигнувате личен и целокупен напредок“, изјавил претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, по повод Меѓународниот ден на џезот.

УНЕСКО пред две години го прогласи 30 април за Меѓународен ден на џезот за да ја потенцира неговата улога во обединувањето на луѓето.

Според соопштението на Кабинетот на македонскиот претседател, Иванов како голем љубител и докажан познавач на џез-музиката, во вилата „Водно“ примил истакнати џез-музичари од Македонија со кои разговарал за одбележувањето на Денот, со кои изразил заедничка желба за поактивно и помасовно одбележување во иднина што би послужило како инспирација на младите генерации. Според медиумските извештаи, македонските џезери му се заблагодариле на претседателот на државата за континуираните почести и признанија што тој им ги укажува.
Џезот на својот посебен ден се чествуваше со стотина настани во 80 држави, а главната програма беше во Истанбул, прогласен со одлука на УНЕСКО за град на џезот за 2013-та. Во соопштението на ООН, кои со УНЕСКО се организатори и креатори на празникот, се вели дека "џезот ги брише границите помеѓу луѓето и создава атмосфера на разбирање и толеранција".

Покрај средбата на делегацијата џез-музичари со претседателот Иванов, македонскиот дел од светската акција го одбележа и битолскиот концерт на „Иван Иванов квартетот“.
XS
SM
MD
LG