Линкови за пристапност

Дупон: неофицијален шаховски универзитет во срцето на Вашингтон


Дупон: неофицијален шаховски универзитет во срцето на Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00
Direct link

Дупон: неофицијален шаховски универзитет во срцето на Вашингтон

Од 1966-та наваму, 20 ти јули се одбележува како Светски ден шахот. Камерата на Гласот на Америка ве води во паркот Дупон - местото на неофицијалниот шаховски универзитет во срцето на Вашингтон.

Летната горештина не е пречка ентузијастите да си ги измерат силите на шаховските табли во овој парк во близина на Белата куќа, попознат како шаховски универзитет на Вашингтон. Тука, во секое време од денот и во најголем дел од годината, може да најдете соиграч, а за десетина долари на час и инструктор, се разбира доколку гордоста ви дозволи да признаете дека тоа ви е потребно.

Сепак, за мнозинството од посетителите, ова е место за релаксација преку партија шах. Аџивај тука доаѓа веќе десетина години. Она што го знае за шахот го научил во паркот, а играта за него е пред се` дружење.

Но, има и такви кои шахот го разбираат со сета сериозност. Ерик Робинсон е со црно-белите фигури од своите 20-ти години. За шахот говори со пасија. Претпочита да игра користејќи модерни стратегии. Вложува во усовршување на своите вештини. Секогаш кога ќе најде минута-две слободно време, доаѓа тука.

„Вашингтон нема вистински шаховски клуб. Ова тука е нашата шаховска заедница – разновидна група на луѓе кои сакаат да играат. Мнозинството се познаваме и секој е добредојден. Помеѓу редовните посетители се и двајца мајстори. За жал, немаме локален велемајстор“, раскажува Робинсон.

Вели, шахот во САД е во стагнација, и додава: ни треба некој како Боби Фишер.

„Мнозинството од луѓето кои играат шах во САД, започнале уште од славните денови на Боби Фишер. Тој стана многу популарен. Благодарение на неговата популарност, и луѓето кои не знаеја многу за шахот, започнаа да го играат. Мнозинството во генерациите од 50-те и 60 тите се љубители на Фишер“, вели Робинсон.

За Кенет денес е лош ден, барем што се однесува до шахот, Загуби веќе неколку партии. Смета дека во Вашингтон може да се направи уште повеќе за шахот, како што тоа е случај во Њујрок или некои делови на Европа

„Во Њујорк ќе видите различна атмосфера. Инвестирале повеќе во популаризација на играта. Може да најдете подобри шахисти“, смета Кенет.

Но, не и попосветени. Потезите во Дупон, како што слушаме, понекогаш се влечат - се` до доцна во ноќта.
XS
SM
MD
LG