Линкови за пристапност

Индиската опозициона партија со веројатна изборна победа


Партијата на семејството Ганди го призна поразот

Индискиот опозиционен лидер Нарендра Мода е на пат да стане следниот премиер на државата, по изборната победа на неговата хинду националистичка партија Бхаратија Џаната.

Владеачката Конгресна партија, која ја водеше Индија последните 10 години, во петок го призна поразот. На прес-конференција, раководителката на партијата Соња Ганди и нејзиниот син Раул – кој ја водеше кампањата – лично ја презедоа одговорноста за загубата.

Конгресната партија беше погодена од серија скандали на корупција од висок профил, висока инфлација и забавен економски развој.

Шестнеделните избори беа завршени во понеделникот. Првичните ресултати покажуваат победа на БЏП за прв пат како еднопартиско парламентарно мнозинство во 30 години. Тоа значи дека партијата ќе може да креира влада без формирање коалиција со регионалните лидери.
XS
SM
MD
LG