Линкови за пристапност

Два сосема различни балa пред инаугурацијата на Трамп


Обете страни сепак се надеваат на единство и помирување

„Балот на мирот: Глас на надежта и отпорот“, се одржа во Националниот музеј на афро-американската историја и култура во Вашингтон и на него присуствуваа либерално настроени граѓани, со фокус на транзицијата на власта. Илјадници лица ја изразија својата политичка загриженост за новата администрација.

„Сакавме да се осигураме дека ќе имаме можност и место каде активистите, уметниците и мирољубивите граѓани ќе се соберат и ќе прослават некои од поголемите достигнувања што се случија изминативе неколку години, дури и децении. Прашања како климатски промени, здравствена грижа, реформи во кривичното право, работни места“, вели Енди Шалал, организатор на настанот.

Поетесата Соња Санчез испрати порака до жените.

„На оваа земја и` порачувам дека мора да се организираме. На оваа земја и` велам дека она што сега гледаме - фашизам се провлекува во Америка“.

Во непосредна близина, уште еден бал пред инаугурацијата – „Балот на несоодветните“, на кој присуствуваа конзервативно настроени граѓани, коишто го славеа исходот од изборите.

„Како и да сакате да ме наречете, во ред сум со тоа. Горда сум да ја носам таа етикета“, вели Колин Бауман, симпатизерка на Трамп.

И покрај дијаметрално спротивните ставови на обете страни, сите се надеваат на единство и помирување.

XS
SM
MD
LG