Линкови за пристапност

Обама: Конгресот може да го реши имиграциониот проблем


Претседателот на САД зборуваше по средбата со тексашкиот гувернер Рик Пери

Претседателот Барак Обама вели дека американскиот Конгрес има способност да го реши проблемот на бран од непридружени малолетници кои ја преминуваат границата од Мексико во САД.

Обама зборуваше со новинарите по средбата со тексашкиот гувернер Рик Пери други официјални лица за имиграционата криза:

„Додека ние се обидуваме да сториме што е исправно за овие деца, нивните родители треба да знаат дека е многу опасна ситуација и дека е малку веројатно дека нивните деца ќе можат да останат“, рече тој.

Претседателот Обама вели дека постапување по некои барања на гувернерот на Тексас, вклучувајќи додавање агенти на пограничните патроли, е дел од неговото барање до Конгресот за 3,7 милијарди долари за итно финансирање.

Обама кажа дека го испраќа секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон во Тексас, подоцна неделава да ја преземе работата по неговата посета. Во среда, секретарот Џонсон се сретна со претставници од Гватемала и Мексико во врска со разрешување на актуелниот имиграционен проблем.

Исто така во среда, спикерот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер, се сретна со членови на неговиот републикански кокус за дискусија по барањето на претседателот.

Извори од затворената средба велат дека Бејнер на членовите дека Домот треба да постапи по барањето пред да замине на долг одмор во август.

XS
SM
MD
LG