Линкови за пристапност

Блокадата во САД ќе се одрази врз бегалците во Европа


Блокадата во САД ќе се одрази врз бегалците во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Кејтлин Ферал од Националниот форум за имиграција во Вашингтон вели дека социјалните медиуми се добар начин погодените имигранти да се информираат за нивните права

Националниот форум за имиграција во Вашингтон деновиве интензивно работи на советување на бегалците затечени со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, со која се ограничува влез во САД на граѓани од седум држави, со доминантно муслиманско население.

Кејтлин Ферал, директор за комуникации во организацијата, вели дека во моментов соработува со спроведувачи на закон, верски водачи и со сопственици на бизниси, за да им укаже на нивните права и обврски.

„Ги охрабруваме луѓето да го кажат своето мислење и лични приказни, за тоа како оваа мерка се одразува врз нивните заедници. Разговараме и со сенатори и конгресмени за тоа што е добра политика. Сега ситуацијата е итна, па нашиот тим е во постојана комуникација и со администрацијата и со Конгресот“, изјави Ферал.

Таа вели дека решението на федералниот судија, со кое се блокира спроведувањето на извршната наредба за лица со зелена карта и легални визи, ќе важи барем до 21 февруари, за кога е закажан распитот, и се однесува за целата територија на државата.

„Тоа значи дека на луѓето кои имаат валидни визи и кои не претставуваат закана, треба да им се дозволи влез во државата и не можат да бидат депортирани“, вели таа.

Според неа, блокадата во САД ќе се одрази врз останатите држави во Европа, кои се справуваат со бегалци.

„Особено ќе влијае врз државите во кои има привремени бегалци, и кои таму се обидуваат да се поврзат со членови на нивните семејства. Ќе има голем притисок“, објаснува Ферал.

Ферал смета дека еден од начините луѓето да се спротивстават на оваа наредба е преку социјалните медиуми.

„Можат да ги повикаат луѓето да одат на аеродромите, на пример. Во демократија имаме различни механизми на протестирање, разговор со адвокати и пишување писма. Мора да се слушне нивниот глас“, вели Ферал.

Таа додава дека САД не само што се создадени од имигранти, туку и денеска имаат потреба од нив, од работна сила во земјоделието до висококвалификуван кадар. На тој начин, вели таа, тие придонесуваат на економски, културен и политички план.

XS
SM
MD
LG