Линкови за пристапност

Обама се соочува со битка во Конгресот за имиграционата реформа


Обама се соочува со битка во Конгресот за имиграционата реформа

Обама се соочува со битка во Конгресот за имиграционата реформа

Претседателот Барак Обама притискаше за имиграциона реформа кога го посети Ел Пасо, во Тексас, на американско-мексиканската граница. Ова е приоритет за гласачите од јужно-американско потекло низ целата држава. Аналитичарите велат дека успехот на Обама по ова прашање е засенет со републиканската контрола во американскиот Претставнички дом.

При посетата на Ел Пасо и главниот град на Тексас, Остин, претседателот Обама ја нагласи потребата од сеопфатна имиграциона реформа што ќе ги обезбеди американските граници со Мексико и на 11 милиони недокументирани имигранти ќе им даде шанса да го легализираат својот статус.

Тој рече дека ова било начин да се зајакне средната класа во Америка, така што нема да има огромна „подземна“ економија што експлоатира еврина работна сила, додека платите на сите опаѓаат.

Иако имиграционата реформа е соочува со пречки во Конгресот, претседателот притиска за тоа во овој момент делумно заради ветувањето дадено при доаѓање на функцијата, вели Џејмс Хенсон, директор на Проектот за политика на Тексас на Универзитетот во Остин.

Некои хиспански организации изразија фрустрација за бавноста со која Обама пристапи на прашањето. Многу не-Хиспанци се жалеа заради слабото обезбедување на американско-мексиканската граница и за продолжителниот тек на илегални имигранти во САД, главно од Мексико и Централна Америка.

Кога беше во Ел Пасо, Обама го посети најпроблематичниот дел на три илјади километри долгата граница меѓу САД и Мексико. Многу Американци се загрижени дека насилството меѓу картелите за дрога од Мексико ќе се прелее во САД. Токму затоа претседателот зборуваше за зајакнатата контрола на овој дел на границата, и за 70-процентното зголемување на депортацијата на криминалните имигранти.

Иако претседателот Обама на телевизиски новинар од Далас му кажа дека тој секогаш мислел оти Тексас е наклонет на Републиканците, тоа е вистина само во последните неколку децении. За околу еден век пред тоа сојузната држава била нагласено демократска, продуцирајќи познати фигури како претседателот Линдон Џонсон, гувернерот Ен Ричардс и либералниот колумнист Моли Ајвинс.

Некои демократски стратегисти гледаат можност во Тексас со додворување на гласачите во брзорастечките урбани области и на Хиспанците. Хиспанците се и најбрзо растечка малцинска група во државата.

Но Џејмс Хенсон не верува во таа демократска стратегија, зашто Хиспанците вообичаено не излегуваат на гласање во голем број, а покрај тоа имаат и конзервативни религиозни погледи што се покомпатибилни со оние на Републиканците.

Хенсон вели дека Претставничкиот дом во кој доминираат Републиканците нема да усвојат предлог како оној на Обама заради конзервативното и слободоумно движење Tea Party.

Нивните активисти велат дека сакаат постриктно спроведување на федералните имиграциони закони, а не легализација што тие ја поистоветуваат со амнестија за луѓето кои влегле во земјата нелегално.

Иако има демократски и републикански лидери кои преферираат поширока имиграциона реформа повеќето аналитичари гледаат малку шаси за сеопфатна реформа ако се има предвид близината на изборите 2012 и постојната партиска поделба по прашањата за националниот долг и федералниот буџет.

XS
SM
MD
LG