Линкови за пристапност

Обама го врти фокусот кон имиграционата реформа


Обама го врти фокусот кон имиграционата реформа

Обама го врти фокусот кон имиграционата реформа

Американскиот претседател Барак Обама во вторник патува на американско-мексиканската граница каде ќе ги изнесе своите планови за преработка на имиграционите закони.

Обама ќе го употреби говорот во Ел Пасо, Тексас за вршење притисок врз Конгресот на САД да усвои легислатива што на околу 11 милиони недокументирани имигранти ќе им даде шанса да добијат државјанство. Претседателот исто така ќе ги брани напорите на неговата администрација за обезбедување на југозападните граници на САД.

Тој се очекува да изнесе аргументи во интерес на претворањето на недокументираните имигранти во легални даночни обврзници, со образложение дека САД од тоа ќе имаат економска корист.

Обама имаше серија средби со активисти и познати личности од јужноамериканско потекло изминативе недели со кои разговараше за оживување на националните имиграциони закони.

Претседателот беше соочен со интензивна критика од хиспанската заедница што не го промовирал прашањето за време на првите две години на функција и заради депортацијата на речиси 400 илјади илегални имигранти минатата година. Хиспанците се рапидно растечки сегмент од американската популација што на Обама на изборите во 2008-ма му деде голема поддршка.

XS
SM
MD
LG