Линкови за пристапност

Вашингтон се подготвува за политички земјотрес


Протести против депортацијата на имигранти во Флорида

Протести против депортацијата на имигранти во Флорида

Доколку претседателот Обама го заобиколи конгресот и самиот спроведе реформа на имиграциониот систем

Вашингтон се подготвува за можен политички земјотрес неделава, доколку претседателот Барак Обама го исполни ветеното - реформа на американскиот имиграционен систем преку извршна наредба. Републиканците најавија дека ќе се спротистават со сета сила доколку Обама го заобиколи Конгресот за да заштити милиони недокументирани имигранти од депортација.

Започнувам нов обид самиот, колку што можам, да го поправам имиграциониот систем. Кога Конгресот не си ја врши својата работа, барем ние можеме да ја завршиме нашата

Што ќе стане со околу 12-те милиони луѓе коишто живеат илегално во САД, а некои имаат и деца што се родиле во земјата?

Со години, Конгресот дебатира за прашањето, но никако да донесе закон за реформа на имиграциониот систем. Во јуни, претседателот, очигледно фрустриран, објави дека нема веќе трпение.

„Започнувам нов обид самиот, колку што можам, да го поправам имиграциониот систем. Кога Конгресот не си ја врши својата работа, барем ние можеме да ја завршиме нашата“, рече Обама.

Ќе се бориме против претседателот со сите сили. Ова е лош начин да се раководи со државата, токму она против што гласаа Американците на конгресните избори

Тој го обнови ветувањето минатата недела, за време на посетата на Азија, кога рече дека републиканците ќе бидат виновни што не му се приклучиле.

„Секогаш сум заинтересиран да се договориме за легислативно решение за имиграциониот проблем. Кога тие ќе усвојат закон што јас ќе можам да го потпишам, сите мои извршни акции ќе бидат заменети со него. Но, не може да очекуваат од мене да бидам пасивен кога системот не функционира“, порача Обама.

Од Капитол хил стигна брза реакција, директно од претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер: „Ќе се бориме против претседателот со сите сили. Ова е лош начин да се раководи со државата, токму она против што гласаа Американците на конгресните избори“.

Слично мисли и главниот републиканец во Сенатот, Мич Меконел, којшто во јанури ќе ја преземе палката - водач на републиканското мнозинство во ова тело: „Можеби наивно верував дека претседателот ќе ги погледне изборните резултати и ќе реши да соработува со нас. Се` уште се надевам, но првите знаци не се добри“.

Според законот, извршните наредби на претседателот може да се оспорат на суд. Освен тоа, Бејнер не исклучува одолговлекување во финансирањето на владата, што може да доведе до затворање на нејзините операции што не се нејнеопходни.

Но, членовите на партијата на претседателот, демократите, сметаат дека извршна акција е подобра од статус кво. Конгресменот Луис Гутиерез вели: „Бараме претседателот да постапи наголемо, смело, нашироко, и што е можно поскоро“.

Републиканците возвраќаат дека извршната наредба на претседателот за имиграцијата би ги отежнала односите меѓу Белата куќа и Конгресот во преостанатите две години на Обама на функцијата, но, навидум, тоа е ризик што тој е подготвен да го презеде.

XS
SM
MD
LG