Линкови за пристапност

Агенцијата ја намали својата проценка за глобалниот економски растеж – сега предвидува подем од 3,5% за 2015-та.

Меѓународниот монетарен фонд ја намали својата проценка за глобалниот економски растеж – сега предивдува подем од 3,5% 2015-та и 3,7% за 2016-та, или за 0.3% помалку од претходната прогноза во октомври. Според Фондот, американската економија годинава би требало да напредува со 3,6% проценти, или за 0,5% повеќе од претходно предвиденото.

Агенцијата со седиште во Вашингтон истакна дека годинава Кина се очекува да забележи пораст од 6,8 проценти, а сосема мал пораст се очекува за 18-те членки на евро-зоната и Јапонија.

ММФ додава дека економиите на Русија и централана и источна Европа би требало да забележат опаѓање.

Главниот економист во ММФ, Оливиер Бланшард рече дека наглото намалување на цените на нафтата е од помош на големите економии што неа ја увезуваат, но е на штета на економиите што ја извезуваат, како Русија и Нигерија. Цената на нафтата минатиот јуни изнесуваше околу 100 долари за барел, а сега еден барел вреди 50 долари.

XS
SM
MD
LG