Линкови за пристапност

Растеж, но и ризик, наведува главниот економист на Фондот Оливие Бланшард.

Нов извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најавува подобрување на глобалната економска слика. И покрај забавеноста на пазарот во Европа, водечката меѓународната финансиска институција годинава предвидува економски растеж од 3,5 проценти. ММФ гледа знаци на закрепнување на американската економија во заживувањето на фабричкото производството и порастот на потрошувачката. Добри вести и од Европа – координираниот напор на Европската Унија можеби ќе ја отстрани заканата од грчката задолженост и прелевањето во други членки со слична економска слика.Но, главниот економист на Фондот Оливие Бланшард вели дека глобалната слика - е комплицирана.

„Ситуацијата се смири, но работите се` уште може повторно да тргнат на лошо“, коментира Бландшард.Аналитичарите го вртат прстот кон Шпанија како потенцијален ризик. Добивката од шпанските обврзници од март наваму двојно нарасна по шпекулациите дека четвртата по големина европска економија можеби ќе побара финансиска поддршка. Но, Вилијам Хобс од органзацијата „Ви-Пи истражувања“ смета дека тоа не е многу веројатно сценарио. „Шпанија не е Грција. Шпанија има остварлива, отворена кон реформи економија и респектирани бизниси во светот, со што може да преброди тешки времиња“, резонира Хобс. ММФ забележува знаци на надеж во земјите во развој, особено во Азија, каде предвидува растеж од 7,5% годинава. Кина, пак, најверојатно за малку ќе забави, на 8,2%. Фондот очекува забрзување на Блискиот Исток и Северна Африка, во време кога растат нафтените цени.

Извештајот на ММФ беше објавен непосредно пред редовната заедничка годишна средба со Светската банка во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG