Линкови за пристапност

За Благојевич 14 години затвор


За Благојевич 14 години затвор

За Благојевич 14 години затвор

Американски федерален судија го осуди поранешниот гувернер на Илиноис Род Благојевич на 14 години затвор за корупција, вклучувајќи го обидот да го продаде местото во американскиот Сенат испразнето од претседателот Барак Обама.

Судијата ја изрече острата казна во среда, шест месеци откако поротата го осуди Благојевич по 17 од 20 основи против него, во неговото повторно судење за корупција.

Првото судење заврши минатата година со поротниците во несогласност по сите освен една од 24-те основи по кои се товарел. Тој беше осуден во таа постапка за давање лажна изјава на американските федерални агенти.

Благојевич беше уапсен во декември 2008-ма. Државниот Сенат на Илиноис подоцна го осуди за злоупотреба на власта и изгласа негово отстранување од функцијата.

Обама го напушти местото во Сенатот кусо време откако беше избран за претседател во 2008-ма. Тој кажа дека немал контакт со канцеларијата на гувернерот во врска со неговата замена во Сенатот.

XS
SM
MD
LG