Линкови за пристапност

Дваесет дена живот на глечер


Илина Арсова
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Илина Арсова е првата Македонка, која пред неполн месец се искачила на највисокиот врв во Северна Америка, на 6.195 метри надморска висина

Илина Арсова е првата Македонка, која на крајот на мај успеа да се искачи на највисокиот врв во Северна Америка, на Денали на Алјаска, на 6.195 метри надморска висина.

„Го искачив врвот на 24 мај 2016 година, околу 15 часот попладне, заедно со Филип Василевски. Се здобив со мали смрзнатини на носот, на прстите на рацете и на нозете. Да живее Македонија“, порача Арсова од Денали, преку аматерската снимка што ја направила од врвот.

Ја посетивме во нејзиниот дом во Охрид да ни раскаже за предизвикот со кој се соочила. За Гласот на Америка, Арсова вели дека Денали е најстудената планина во светот, и оти секој не е подготвен да го издржи тоа патување.

До целта стигнала во сурови временски услови и на екстремно ниски температури.

„До врвот одевме 7-8 часа во еден правец. Според статистиките на ренџерите во Националниот парк, само 19 проценти од луѓето, кои отидоа таму, имаа успешно искачување. На Денали, 20 дена сте на глечер. Температурите внатре во шаторот можат да бида минус 20 Целзиусови степенти, а надвор и минус 40. Тоа само по себе е ментален предизвик, кој многу луѓе не можат да го поднесат, бидејки не можат да се отажат од она што тие мислат дека им е неопходно во животот. Јас им порачав на сите политичари во земјата, пред да одат и да се кандидираат за политичка фотелја, да ги пуштиме во планина на еден месец, каде ќе ги видат вистинските вредности на животот“, вели Арсова.

Планинарењето и е само хоби. Нејзина професија е сликарството. Успешна е и како туристички водич и телевизиски водител. Голем поборник е и за заштита на животната средина.

„Сакам младите да се поактивни. Особено се радувам и кога млад човек или кој било, е подготвен да заземе став или да изрази слободна мисла. Ги поттикнувам и младите, како и жените. Јас промовирам здрав и спортски живот“, објаснува Арсова.

Илина чува особено драга фотографија со Хилари Клинтон, за време на нејзиниот престој во Вашингтон, како стипендист на Стејт департментот во 2012 година, во рамките на глобална спортска менторска програма.

Предизвик и е да го заокружи проектот „Седум врвови, на седум континенти“. Тоа значи искачување на највисокиот врв на секој континент. За да го реализира тоа и остануваат само уште двата највисоки врвови на Јужниот пол и Австралија.

Досега само 66 жени и 250 мажи од целиот свет, се дел од овој голем потфат.

XS
SM
MD
LG