Линкови за пристапност

Жоакин ги погоди Бахамите


People watch the waves in a rainstorm at the Atlantic Ocean at Carolina Beach, North Carolina, Oct. 2, 2015.

People watch the waves in a rainstorm at the Atlantic Ocean at Carolina Beach, North Carolina, Oct. 2, 2015.

Американскиот центар за урагани соопшти дека постојат изгледи оти невремето нема да го зафати источното крајбрежје на САД.

Ураганот Жоакин го погоди централниот дел на Бахамите со причинувајќи поројни дождови и силни ветришта. Американскиот центар за урагани соопшти дека постојат изгледи оти невремето нема да го погоди источното крајбрежје на САД.

Во моментов ураганот е во „особено опасна“ категорија 4, на скалата од еден до пет, и причинува поплави во не толку густо населени области на Бахамите.

Без оглед дали Жоакин ќе го погоди копното или ќе продолжи долж водите на Атланскиот Океан, гувернерите на петте сојузни држави на источното крајбрежје, Њу Џерси, Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд, објавија вонредна состојба и соопштија мерки за справување со ураганот, вклучувајќи и мобилизација на трупите на Националната гарда.

Пред речиси три години, силното невреме Сенди го погоди американското копно, поточно Њујорк и Њу Џерси, при што загинаа преку 120 лица, а беше причинета материјална штета од околу 70 милијарди долари.

Жоакин е трет ураган во водите на Атлантскиот Океан во овогодишната сезона.

XS
SM
MD
LG