Линкови за пристапност

Унгарците го бранат Универзитетот на Сорос


Илјадници Унгарци излегоа на протест на улиците на Будимпешта против легислативата која има за цел затворање на Универзитетот основан од страна на американски милијардер Џорџ Сорос.

Во Унгарија и во странство расте незадоволството против законот предложен од страна на владата на премиерот Виктор Орбан, со кој ќе се заострат прописите за странски универзитети.

Предложените нови правила се однесуваат на универзитети од земјите надвор од Европската Унија, и со нив ќе се забрани доделување на унгарски дипломи без договор меѓу националните влади.

Од Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ), којшто беше основан од страна на Сорос во 1991 година, велат дека законот ќе ги принуди да ја напуштат земјата. Унгарската влада тоа го негира.

Унгарски професори и образовни организации, како и повеќе од 500 водечки меѓународни научници, вклучувајќи и 17 нобеловци, излегоа во поддршка на ЦЕУ, велејќи дека институцијата е една од постојаните едукативни центри во земјата.

Иднината на ЦЕУ, кој нема американски кампус, сега „зависи од разговорите меѓу владите на Унгарија и САД“, кажа Орбан во петокот. На Универзитетот се запишани повеќе од 1.400 студенти од 108 земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG