Линкови за пристапност

Меѓународен ден за човековите права


ОН предупредуваат дека претстојат „уште многу предизвици“ пред да се обезбеди слобода, правда и мир ширум светот

Меѓународниот ден за човекови права почна да се одбележува во 1948-та година, кога Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за човекови права, документот со којшто се зацртаа основните норми за нивно почитување.

Декларацијата и последователните Договори за човековите права, „одиграа важна улога во обезбедување поголема почит и признавање на постоењето на човековите права изминативе пет, напати бурни децении“, изјави Високиот комесар за човекови права при Обединетите нации, Зеид Раад Ал Хусеин.

„Се разбира дека престојат многу предизвици“ кажа тој. „Но, почитта кон слободата, продолжува да биде основа за мир, безбедност и развој за сите.“

Претставниците на Обединетите нации овогодишното одбележување на Денот на човековите права, го користат да го привлечат вниманието на Меѓународниот договор за економски, социјални и културолошки права, како и Меѓународниот договор за граѓански и политички права, усвоени во 1966-та година.

XS
SM
MD
LG