Линкови за пристапност

Хабл испрати „бебешки слики“ на универзумот


Хабл ѕирка во длабочините на универзумот

Хабл ѕирка во длабочините на универзумот

Прикази на седум галаксии за кои научниците сметаат дека биле создадени кусо време по Големата експлозија.

Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА испрати, како што ги нарекуваат научниците, „бебешки слики“ на универзумот.

Се работи за прикази на седум галаксии за кои научниците сметаат дека биле создадени кусо време по Големата експлозија во која се родил универзумот, пред повеќе од 13 милијарди години.

Американската вселенска агенција наведува дека една од седумте галаксии можеби е најстарата досега што ја здогледал телескопот. Агенцијата се надева дека новите прикази ќе им помогнат на научниците да одговорат на прашањата за времето што го нарекуваат „космичка зора“, кога се појавиле првите ѕвезди по Големата експлозија.

Научниците не се сигурни дали „космичката зора“ била постепен процес, или еден голем настан. Па сепак, тие се согласни дека тоа бил почетокот на сите елементи кои на крајот довеле до првите форми на живот на Земјата.
XS
SM
MD
LG