Линкови за пристапност

Перење пари преку американска банка


Банката HSBC дозволила криминалци и терористи од Мексико да перат милијарди долари во САД

Според сенатска истрага слабата контрола на банката HSBC со седиште во Лондон, дозволила шверцери на дрога и други криминалци од Мексико да перат милијарди долари во САД.

Во извештајот се додава дека банката имала и деловни врски со компании поврзани со терористички активности и ги заобиколувала американските финансиски санкции против непринципиелните земји како Иран.

Извештајот исто така вели дека раководството на банката и американските регулатори рутински ги игнорирале предупредувачките сигнали и потфрлиле во стопирање на илегалното однесување меѓу 2002 и 2010, ефективно давајќи им на криминалците и терористите портал во американскиот финансиски систем.
XS
SM
MD
LG