Линкови за пристапност

Стејт департмент: Знаци на надеж во Авганистан, Бурма


WikiLeaks
WikiLeaks

Годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент силно ги критикува Сирија, Иран и Северна Кореја

Годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за човековите права вели дека 2012-та видела охрабрувачки демократски пробиви во некои држави на Арапската пролет, додека други дозволиле ескалација на насилството и кршење на човековите права.

Извештајот објавен во петок, ја идентификува Сирија како најголем прекршител во регионот, обвинувајќи ја владата на претседателот Башар ал-Асад за брутално однесување кон сирискиот народ. Презентирајќи ги наоѓањата во Стејт департментот, државниот секретар Џон Кери кажа дека Асад одговара на повиците за слобода со „убиство“ и „безредие“.

Годишниот пресек на состојбата со човековите права во светот вклучува силна критика заради непочитување на човековите права во Белорусија, Кина, Демократска република Конго, Иран, Северна Кореја, Пакистан, Русија и Венецуела, меѓу другите.

Но, извештајот забележува знаци на надеж во други држави, како Авганистан, Бурма, Грузија и Тунис.
XS
SM
MD
LG