Линкови за пристапност

Излезот од кризата е формирање нова влада


Ова е пораката на Хојт Ји кој по средбите рече дека е задоволен „од определбата за демократска, унитарна држава и за мирен трансфер на власта“

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Ји, по средбите со политичките лидери, изјави дека е дојден да даде поддршка на новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Тој охрабри на побрзо формирање на влада, којашто ќе се зафати со реформските приоритети и враќање на земјата на патот кон ЕУ и НАТО.

„САД се определени да и` помогнат на вашата земја во комплетирање на потребните реформи“, кажа Ји.

Тој истакна дека средбите биле конструктивни, и дека е „задоволен од определбата за демократска, унитарна држава и за мирен трансфер на власта“.

„Чувствуваме дека е многу важно лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да предложи влада и владина програма. Разбираме дека постои загриженост за владината програма, и веруваме дека тоа треба сериозно да се разгледа во парламентот. Тоа е вистинското место за таа дебата“, рече американскиот дипломат.

Тој ги спомена настаните од четвртокот, повторувајќи ја осудата за насилството, и заложувајќи се одговорните да бидат изведени пред правдата.

Посетата на Македонија за заменик помошникот државен секретар на САД беше уште една можност за САД да ја пренесат пораката дека нивната политиката кон регионот на Западен Балкан и Македонија, е непроменета.

„Даваме силна поддршка за интеграција на регионот и на Македонија во Европа. Ги поддржуваме легитимните желби на македонските граѓани да имаат постабилна, демократска и напредна иднина“, истакна Ји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG