Линкови за пристапност

Политика на идентитет


Политика на идентитет - феномен што влијае на гласачите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00
Direct link

Политика на идентитет - феномен што влијае на гласачите

Од серијата „Како Америка избира“: феноменот на самоидентификација влијае на гласањето.

Во природата на човекот е тој да се идентификува со други кои личат на него, реагираат како него и имаат исти вредности како неговите. Политичкиот процес во САД, и речиси насекаде во светот, е заснован на таа самоидентификација. Така се цели на потенцијалните гласачи.

Иако многумина граѓани би кажале дека го даваат гласот врз основа на ставовите на кандидатите по клучни прашања, некои од нив се приклонуваат според расната или етничката припадност на кандидатите и други фактори. Тоа се нарекува „политика на идентитет“.

„Луѓето сакаат да гласаат за луѓе како нив. Некој со иста расна, полова, верска припадност или некој со исти политички погледи“, вели Марк Ром од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Иако расната и етничката припадност се најчести елементи на политиката на припадност, терминот опфаќа многу повеќе.

Верата е идентификационен фактор во САД уште од основањето на државата. Во 1960-те, римокатолицизмот беше во фокусот на вниманието за демократскиот кандидат Џон Кенеди. Во 2008-ма, како и во сегашната предизборна кампања, мормонската вера на републиканскиот кандидат Мит Ромни има разединувачки ефект врз одредени групи на гласачи.

Тука е и идеологијата, додава Нејтан Гонзалес од политичкиот билтен Ротенберг политикал рипорт: „Кај Републиканската партија, најголемиот идентификатор во политиката на идентитет е конзервативноста. Кој е конзервативен? Кој е најчист козервативец?“.

Политиката на идентитет ќе продолжи се` додека луѓето се гледаат и третираат според бојата на кожата, етничката припадност и други фактори што не зависат од нив, смета Дерил Харис од Универзитетот Хауард.

„Нема пост-расно раздобје се` додека не ги отфрлиме нееднаквостите и неправдите што ги гледаме во американското општество долж расните, етнички и полови линии“, вели Харис.

Политиката на идентитет не е само американски феномен. Влијае врз политичките одлуки ширум светот - поранешна Југославија, Руанда и Судан, до тој степен што може да предизвика крвопролевање.
XS
SM
MD
LG