Линкови за пристапност

Конвенција на политичка партија во САД


Како се гласа и зошто е важна

Целта на партиска конвенција за секоја партија официјално да го номинира својот кандидат во трката за претседател.

Но, како партиите го утврдуваат нивниот кандидат?

Ова се случува преку процес на избори од сојузна држава во сојузна држава за освојување на „делегати“.

Кандидатот мора да освои големо мнозинство на делегати за да ја добие партиската номинација.

Делегатите се локални лидери кои ги претставуваат сопствените сојузни држави за време на партиската национална конвенција за номинација.

За време на повеќето прелиминарни избори очигледниот победник „испливува на површина“ уште пред почетокот на конвенцијата.

Во овој случај, конвенцијата е само формалност, главно со цел да се покаже лојалност на партијата и да се формализира победникот.

Што се случува доколку никој не освои мнозинство од делегатите?

Тоа е реткост, но се нарекува „оспорена“ конвенција.

За време на оспорена конвенција, делегатите одржуваат колку и да е потребно круга на гласање се' додека еден кандидат не ги освои мнозинството делегати.

Тој кандидат официјално станува кандидат на партијата.

И ќе се соочи со кандидатот од спротивната партија за време на општите избори во ноември.

XS
SM
MD
LG