Линкови за пристапност

Вашингтон и искреноста


Пред еден од кисоците на „Онест ти“ (од снимката што ја објави компанијата)

Пред еден од кисоците на „Онест ти“ (од снимката што ја објави компанијата)

Главниот град не мина добро во експериментот на компанија за безалкохолни пијалоци.

Многу често слушаме повици за искреност и отвореност во политиката, но луѓето кои живеат во центарот на политичката моќ во САД, главниот град Вашингтон, навидум не полагаат многу во етиката.

Компанијата за безалкохолни пијалоци „Онест ти“ (во превод, искрен чај - името доаѓа од начинот на кој компанијата ги рекламира своите пијалоци, дека не крие ништо од состојките во него и дека се природни) поставила киосци во Вашингтон и сите сојузни држави што никој не ги чувал. На киосците имало знак што ги молел муштериите да остават по еден долар во видно поставената кутија доколку земат шише леден чај.

Во Вашингтон имало највеќе нечесни - еден на секои петорица не платил за пијалокот. Алабама и Хаваите се на врвот според чесноста - ниту еден не избегнал да плати.

Статистички гледано преку физичкиот изглед - русокосите девојки биле најчесни, а во другата крајност се мажите со брада од неколку дена!

Се` на се`, 92% од Американците во експериментот платиле за својот Искрен леден чај.
XS
SM
MD
LG