Линкови за пристапност

Луѓето зад статистиката


Ја загубила работата, домот, но не и надежта

Според петочниот, најнов извештај за стапката на невработеност во САД, таа е закотвена на 8,2 проценти. На забавениот пазар на трудот во САД во јуни биле отворени само 80.000 нови работни места, а 13 милиони Американци и натаму се без работа. Но, зад секоја статистика стојат вистински луѓе кои врзуваат крај со крај. Робин Садут е една од нив.

Откако добила отказ од компанијата Ксерокс во 2007-ма, Садут заминала од Мичиген за Њујорк во потрага по работа.

„Се пријавував за разни работни места, но никој не ме вработи. Имав се` помалку пари. Почнав да се задолжувам на кредитните картички“, раскажува таа.

По 40 дена престој во хотел, ја потрошила целата заштеда. Почнала да спие во својот автомобил.

„Дел од мене ми велеше дека нема никогаш да успеам да излезам од оваа ситуација“, вели Садут.

Подоцна се преселила во прифатилиште за бездомници.

„Буквално, бев исцрпена, но останав фокусирана на тоа дека мора да најдам решение“, се присеќава Садут.

И` биле потребни две години, пет прифатилишта за бездомници и многу часови минати пред компјутерот за јавна употреба во библиотеката пред да најде работа и да се пресели во сопствен стан.

„Благодарна сум. Имам повторно свој кревет“, скромно вели оваа жена.

Сега раководител на оддел за сметководство во компанијата Хјулит – Пакард, дава ваков совет на невработените: „Обновете ги вештините! Продолжете да се надградувате. Постојано учете нови работи. Не се обесхрабрувајте и покажете се во најдобра светлина. Верувајте во себе и никогаш не се откажувајте“.

Робин Садут ја опиша битката повторно да најде работа во книгата „Патешествие“. Таа имаше среќа. Милиони други Американци, пак, и натаму се невработени.
XS
SM
MD
LG