Линкови за пристапност

Холивуд и мобилните апликации


Се` повеќе холивудски ѕвезди размислуваат – дигитално.

Таканаречените паметни телефони и табла-компјутери, а со нив и безбројните мобилни апликации станаа толку популарни што не остана рамнодушен ниту Холивуд.

Мет Козлов го живее својот сон. Работи со некои од своите херои од детството - пејачката и актерка Џенифер Лопез и филмскиот режисер Џон Ву.

Козлов не е традиционална холивудска фигура. Тој е извршен директор на Муншарк, млада компанија што изработува видео-игри за мобилни апарати.

„Пазарот во моментов доживува екплозија - стотици милиони апарати на кои може да ги пласираме нашите производи. Стануваат играчи сите, и 8-годишните деца, и 40-годишните мајки“, воодушевен е Козлов.

За овој млад претприемач. Муншарк е уникатна, бидејќи е единствената компанија за видео-игри на мобилни направи зад која стои холивудска агенција. И тоа една од најголемите - Агенцијата за креативни уметници, која застапува некои од најголемите ѕвезди во Холивуд. Агенцијата е во партнерство со компанијата Квалком, чија, пак, специјалност е безжичната технологија.

Џенифер Лопез е копродуцент на првата апликација на Муншарк, играта за танцување Денс пад. Таа е стручен консултант, а, нормално, ќе помогне и во промоцијата.

Џенифер Лопез: актерка и пејачка, но и копродуцент на првата апликација на Муншарк, играта за танцување Денс пад.

Џенифер Лопез: актерка и пејачка, но и копродуцент на првата апликација на Муншарк, играта за танцување Денс пад.

Мет Мазео од Агенцијата за креативни уметници вели дека се` повеќе холивудски ѕвезди размислуваат дигитално, кога станува збор за кариерата во идинина. Агенцијата веќе формирала пет технички компании. Излегува на пазарот со идеи, ги ангажира најпогодните уметници за соработка и ги користи своите контакти во американската индустрија на соништата за да им помогне на компаниите во зачеток.

„Нашите клиенти ќе продолжат да се движат во сосема нови области на изразување и дистрибуција“, предвидува Мазео.

Познатиот филмски режисер Џон Ву во моментов работи со Муншарк на акциона видео-игра што треба да излезе на пазарот до крајот на годината.
XS
SM
MD
LG