Линкови за пристапност

Државниот обвинител обвинет за непочитување на Конгресот


Државниот обвинител обвинет за непочитување на Конгресот
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:31 0:00

Државниот обвинител обвинет за непочитување на Конгресот

Претставничкиот дом ќе расправа за прашањето следната недела; Претседателот Обама се повика на извршна привилегија

Тело на американскиот Претставнички дом гласаше да го земе државниот обвинител Ерик Холдер на одговорност за омаловажување на Конгресот, заради потфрлањето да ги предаде документите во врска со случајот „Фаст анд Фјуриоз“.

Панелот во среда гласаше по партиски линии, со 23 републиканци „за“ и 17 демократи „против“. Целиот Претставнички дом ќе расправа за прашањето следната недела. Но, малку е веројатно дека Холдер ќе биде соочен со криминално обвинение.

Панелот гласаше дури и откако претседателот Барак Обама се повика на извршна привилегија – редок потег на претседателот со намера да се спречи одредени детали за работата на администрацијата да бидат објавени.

Демократите кои беа против, ова го нарекоа политички потег со цел да се фрли срам врз претседателот. Републиканците велат дека веруваат оти Белата куќа крие важни информации.

Гласањето за омаловажување на Конгресот се однесува на пропаднатата програма позната како „Фаст енд Фјуриоз“ во која федерални агенти дозволиле оружје да биде шверцувано во Мексико во надеж дека тоа ќе ги доведе до шверцувачи со оружје.

Но, американските агенти изгубиле траг на оружјето и планот се свртел против нив, кога две парчиња од ова оружје биле употребени при убиство на американски пограничен агент.
XS
SM
MD
LG