Линкови за пристапност

Светски ден за борба против ХИВ/СИДА


Бан: Има напредок во борбата против болеста, но постигнатото е „кревко“

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го фали напредокот на светот во борбата против СИДА-та, но предупредува дека „придобивките се кревки“.

Во соопштение за денешниот Светски ден за борба против СИДА и ХИВ, Бан ја нагласи важноста на пристап до третман, особено за деца и млади жени кои не добиваат неопходна нега. Тој ги поттикна светските лидери да сторат што е потребно да се постигне целта за искоренување на СИДА-та до 2030.

Во светот 35 милиони луѓе живеат со ХИВ, вирусот што предизвикува СИДА. ОН велат дека 19 милиони од нив не знаат дека се инфицирани, и го употребија Светскиот ден за борба против СИДА/ХИВ да повикаат на интензивирано тестирање и пристапност до антивирални терапии.

Суб-сахарска Африка се` уште има над 70 проценти од вкупно инфицираната популација, но бројот на новозаразени опаднал за една третина од 2005.

Во меѓувреме, бројот на инфекции растеше во тој период низ Блискиот исток и Северна Африка, како и во Источна Европа и Централна Азија.

Овој ден се одбележува на 1-ви декември од 1988-ма, како прилика да се покаже поддршка за оние кои живеат со ХИВ и СИДА, или сеќавање за починатите од болеста и да се стави фокус на борба против епидемијата.

ОН поставија неколку цели до 2015, вклучувајќи и намалување на бројот на случаи на пренесување на вирусот по пат на секс за половина, елиминирање на нови инфекции со ХИВ меѓу корисниците на дрога и обезбедување пристап до антиретровирална терапија за луѓето кои живеат вирусот.

XS
SM
MD
LG