Линкови за пристапност

Доколку американската Агенција за храна и лекови ги следи препораките на советодавното тело, конзументите може да бидат во состојба да купуваат ОраКвик без рецепта во аптеките, во блиска иднина.

ОраКвик користи брис од уста и дава резултат за 20 минути.

Панелот вели дека ОраКвик коректно идентификувал ХИВ-позитивни луѓе во 93 проценти од тестираните.

Експертите велат дека домашниот тест може да е нов начин за проширување на тестирањето за ХИВ и борбата за спречување на ширењето на вирусот. Тие предупредуваат дека лице што е ХИВ-позитивно може да добие негативен резултат, и дека домашниот тест не е толку точен како тестот изведен од медицински професионалци.

Минатата недела, друг советодавен панел на Администрацијата за храна и лекови препорача федерално одобрение за лек за кој тестовите покажале дека спречува ХИВ.

XS
SM
MD
LG