Линкови за пристапност

Голем научен пробив во 2011-та


Голем научен пробив во 2011-та

Голем научен пробив во 2011-та

Списанието „Наука“ ја прогласи студијата за СИДА како најголем напредок во науката изминатава година. Клиничките тестови најдоа дека антивиралните лекови може да бидат искористени драматично да го намалат пренесувањето на вирусот ХИВ.

Клиничките тестови познати по кратенката HPTN 052 докажаа дека давањето на лековите на луѓе инфицирани со ХИВ порано, ги направило 96 проценти помалку заразни за нивните неинфицирани партнери.

Истражувачкиот тим беше предводен од Д-р Мирон Коен. Тој вели дека иако резилтатите биле соопштени во мај, прелиминарната работа всушност почнала пред 20 години.

„Силно се сомневавме, базирано на сите биолошки студии што ги направивме, дека кога ги третираме луѓето со помала концентрација на ХИВ во крвта и секретите, тие стануваат помалку заразни. Но ние не ја сфаќавме магнитудата на таа довра страна“, вели Коен.

Коен е директор на Институтот за глобално здравје и инфективни болести на Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил.

Тој вели дека откритието многу помага на идејата дека третманот може да служи како превенција.

Податоците од студијата веќе се во употреба на многу нивоа.

„Посебно оваа, 052 студија за последните шест месеци генерираше промени во политиката на ниво на САД и Светската здравствена организација. Инспирираше нова клиничка студија што треба да биде започната врз основа на научното откритие. Сево ова покажува дека 20 години истражување не биле залудни.

Тие промени во политиката вклучуваат рано третирање на инфицирани лица, додека нивниот имунолошки систем е уште релативно здрав. Но, Коен вели дека резултатите на студијата може да се изгубени ако тие не се поврзат со други аспекти на третманот на ХИВ и превенцијата.

Коен е свесен дека резултатите на студијата се објавени во време на глобална рецесија кога многу донатори ги намалуваат трошоците. Но тој останува оптимист за подобра иднина. Зашто, ако сега се знае дека третманот е превенција, тоа е сосема поинаква дебата.

XS
SM
MD
LG