Линкови за пристапност

Триесет години борба против СИДА


Триесет години борба против СИДА

Триесет години борба против СИДА

Пред 30 години, на петти јуни 1981, медицинските стручњаци за прв пат известија за првите случаи на мистериозна и смртоносна нова инфекција. Болеста на имунитетниот систем доби име СИДА, а вирусот што ја предизвикува, ХИВ, брзо стана глобална напаст убивајќи повеќе од два милиони луѓе секоја година. Но медицинските истражувања ја свртеа плимата против СИДА-та. Вирусот веќе не е неизбежна смртна пресуда.

Кети Бенет живее со инфицираност од ХИВ 21 година. Нејзините изгледи во 1990 беа слаби. Тогаш нејзиниот лекар започнал да ја третира со лекови кои се покажале токсични. Тој ја запрел терапијата и и` рекол да оди дома.

„Лежев во кревет четири месеци чекајќи да умрам зашто тој ми кажа „не можам ништо да сторам“, вели таа.

Но откако почнала со третман со нова класа лекови, животот на Бенет се променил и сега не само што е добро туку е и советник за пациенти со СИДА.

„Не гледам веќе на вирусот како на смртна пресуда, зашто знам како да го третирам. Живеам нормален живот. Очекувам да живеам многу подолго“.

И покрај пристапноста на антиретровирален третман со лекови, во 2009-та околу 2,6 милиони луѓе беа новоинфицирани со ХИВ и 1,8 милиони умреа од СИДА.

Но пред 30 години, медицинската заедница беше полна со песимизам. Доктор Антони Фаучи, тогаш лекар, страдајќи од оваа нова болест, живо се сеќава на тие денови. Тој сега е директор на Националниот институт за инфективни болести.

„Немавме поим каква болест е тоа, а многу луѓе, наеднаш, се разболуваа од неа и умираа. Беше многу вознемирувачки, мрачен период на време кога дури и не знаевме што ја предизвикува“.

Полека, медицинските стручњаци почнаа повеќе да ја разбираат болеста. Стана јасно дека ослабениот имунитетен систем ја предизвикува оваа состојба. Исто така изгледаше дека се пренесува преку секс.

Доктор Роберт Гало е ко-откривач на вирусот ХИВ.

„Но тоа не беше моментално откритие, туку беше како лупење кромид.Чекор по чекор, до центарот“, вели Д-р Гало.

Но се` уште немаше лекови или вакцини и многу експерти беа песимистични. Потоа дојде голем пробив – во 1987, со првиот одобрен лек, АЗТ.

Надежите избледеа кога ХИВ стана отпорен на AZT. И потоа, во 1990-те, беа развиени ефикасни комбинации на лекови и тие станаа силно оружје во напорите да се победи ХИВ.

Но, пациентите велат дека се` уште се исправени пред битката против социјалната стигма што се врзува со болеста.

Покрај третманот, друг голем предизвик е контролата на ширењето на ХИВ. Ризикот од трансмисија останува висок меѓу луѓето под 30 години.

Битката против СИДА-та е далеку од добиена и цената е голема.

Следната недела во ОН 30 шефови на држави ќе се сретнат да го ревидираат напредокот што е направен во борбата против СИДА-та и да го одредат идниот курс на треманот.

XS
SM
MD
LG