Линкови за пристапност

Премногу Американци го потценуваат ризикот од ХИВ


Премногу Американци го потценуваат ризикот од ХИВ

Премногу Американци го потценуваат ризикот од ХИВ

САД предупредија дека премногу Американци го потценуваат нивниот ризик од ХИВ или погрешно веруваат дека вирусот што предизвикува СИДА не е сериозна закана по здравјето.

Соопштението е објавено во четврток од Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта, 30 години по првиот извештај за мистериозната и смртоносна болест. Во него се повикува на зголемена свест за СИДА-та и за превентивните напори.

Директорот на Центарот Томас Фриден вели дека повеќе од 1,1 милиони луѓе во САД имаат ХИВ и дека многумина живеат подолго благодарение на новите третмани. Но тој предупредува дека се` уште нема лек за болеста и дека најголем дел од новите инфекции се случуваат кај лица под 30 години возраст.

Центарот исто така предупредува дека одредени групи гледаат повисока стапка на инфицираност со ФИВ отколку генералната јавност.

Така, хомосексуалните и бисексуалните мажи – околу два проценти од американското население – чинат околу половината од сите нови случаи на ХИВ. Африканските Американци и Јужноамериканците исто така имаат поголема стапка за заразеност со ХИВ отколку генералната популација.

Доктор Фриден вели дека редуцирањето на стапката на ХИВ се очекува да ги чини САД повеќе од 200 милијарди долари во следната деценија.

XS
SM
MD
LG