Линкови за пристапност

Видео: Жена фрли чевел кон Хилари Клинтон


На говор во Лас Вегас; жената приведена, не дала мотив за нападот.

Неидентификувана жена синоќа фрлила чевел кон Хилари Клинтон додека таа држела говор во Лас Вегас. Напаѓачката била приведена.
Инцидентот се случил кусо време откако Клинтон се појавила на говорницата во хотелот-казиното Мандалеј беј, на средбата на Институтот за рециклирање на отпад. Откако го избегнала чевелот, поранешната државна секретарка и поранешна прва дама се пошегувала, велејќи дека не знаела дека прашањето за справување со отпадот е толку контроверзно. Напаѓачката се обидела да ја напушти просторијата веднаш откако го фрлиле чевелот, но ја привело обезбедувањето. Таа признала дела го фрлила чевелот, но не кажала зошто.
XS
SM
MD
LG