Линкови за пристапност

Хилари Клинтон се врати на работа


Назад во Стејт департментот: Хилари Клинтон на денешната средба со помошниците-секретари
Назад во Стејт департментот: Хилари Клинтон на денешната средба со помошниците-секретари

Преброди стомачен вирус, благ потрес на мозокот и згрутчување на крвта во главата.

Државната секретарка Хилари Клинтон сe врати на работа откако минатиот месец беше хоспитализирана заради згрутчување на крвта и мораше да биде на домашно боледување.

На фотографијата што ја објави Стејт департментот, Клинтон е на средба со помошниците-секретари. На нејзината сатница денеска не се закажани јавни настани.

Подоцна неделава, Клинтон ќе се сретне со неколку странски државници. Во вторник има состанок со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Вашингтон.

Клинтон беше отпуштена од болница минатата недела, по едномесечни здравствени проблеми. Најпрвин беше дијагностицирана со стомачен вирус, а потоа и благ потрес на мозокот од пад поради дехидрираност и онесвестување, за на крај лекарите да откријат згрутчување на крвта во главата.

Претседателот Барак Обама го номинираше сенаторот Џон Кери да ја замени Клинтон, која не планираше да остане на функцијата за време на вториот мандат на претседателот.
XS
SM
MD
LG