Линкови за пристапност

Хилари Клинтон пред сите


Најпопуларен политичар според анкетата на универзитетот Квинипек.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон е попопуларна од претседателот Барак Обама и кој и да е друг политичар во САД, според најновата анкета на Универзитетот Квинипек.

Клинтон ја одобруваат 61% од испитаниците, за разлика од Обама, кој доби 51%.

Клинтон, која покрај државна секретарка, беше и прва дама и сенаторка, ја напушти функцијата во Стејт департментот минатата недела. Таа четири години беше на чело на дипломатијата.

Клинтон е „бездруго најпопуларната фигура на американската политичка сцена денес“, вели помошник-директорот на Анкетниот институт на Квинипек.

Таа не се изјаснува дали ќе се кандидира за претседател на наредните избори - тема околу која деновиве наголемо се шпекулираше во медиумите.

Во анкетата, направена од 30-ти јануари до 4-ти февруари, учествувале 1.772 регистрирани гласачи и нејзината можност за грешка е плус минус 2,3%.
XS
SM
MD
LG