Линкови за пристапност

Резултатите се прелиминарни, но веста е примена со воодушевување.

Физичарите во истражувачкиот центар ЦЕРН велат дека е голема веројатноста дека ја откриле таинствената „Божја честичка“.

Два независни тима кои работеле во Европскиот центар за нуклеарна физика, соопштија дека проучувале честичка од ист тип како теоретскиот Хигсовиот бозон, познат и како „Божјата честичка“. Елементарната честичка е наречена според британскиот физичар Питер Хигс, кој беше почесен гостин на церемонијата на ЦЕРН во Женева. Според Хигс, морало да постои некаква честичка што материјата ја прави материја.

Се мислело дека честичката го формирала Хигсовото поле, невидлива енергија за која се верува дека ја пренесува содржината на сите други атомски честички, клучен квалитет што влијае на интеракцијата на сите активности во вселената.

Научниците доказите ги сметаат за силни, но додаваат дека резултатите се сепак прелиминарни и се очекува анализа на дополнителни податоци. Но без оглед на тоа, целата научна заедница е возбудена сметајќи го ова за фундаментално откритие.
XS
SM
MD
LG