Линкови за пристапност

Научниците предвидуваат дека климатските промени ќе донесат повеќе нагли скокови на температурата – повеќе многу жешки денови во лето, на пример. Сега, ново истражување индицира дека варијабилно време може да биде смртоносно за постари лица со хронични здравствени проблеми.

Антонела Занобети е истражувач на Универзитетот Харвард. Таа и колегите комбинирале податоци за температурата со податоци од Програмата за здравствена грижа на постари лица на САД. Откриле дека кога летните температури биле невообичаено високи, тие нашле поголем ризик за смрт меѓу лица кои биле хоспитализирани за хронични здравствени проблеми, како дијабетис или срцеви болести, или кај оние кои преживеале претходно срцев удар.

Во текот на две децении, тие нашле дека стапката на смртност во оваа чувствителна група лица, била поголема во годините кога имало поекстремни летни температури. Дури и релативно мали зголемувања на температурата имале значителен ефект на стапката на смртност.

„За секој целзиусов степен промена во летно време, стапката на смртност за постарите со хронични болести се зголемила меѓу 2.8 проценти до 4 проценти, зависно од здравствената состојба“.

Најголемо влијание имало кај луѓето со дијабетис. Луѓето кои живееле во сиромашни услови и афро-Американци исто така биле под поголем ризик од смрт кога температурите скокнале. Ризикот бил помал за луѓето кои живееле во градови со повеќе зелени површини.

Луѓето може да се многу прилагодливи на промена на температура, но Занобети објаснува дека кога сте постари и страдате од хронични болести, терморегулацијата, како што велат научниците, може да е потешка.

Авторите велат дека ова е прва студија од овој вид. Доколку предвидувањата на научниците за температурни екстреми се покажат точни, може да има многу повеќе истражувања на оваа тема во иднина.

XS
SM
MD
LG