Линкови за пристапност

Убиствени горештини во САД


Убиствени горештини во САД
Убиствени горештини во САД

Убиствениот топлотен бран што го пече источниот брег на САД нема да попушти ни во четврток. Градовите од Бостон до Вашингтон достигнуваат брутални температури до 38 степени целзиусови. Рекордните високи температури за овој дел од годината веќе се причина за најмалку пет смртни случаи. Згора на тоа воздухот е тежок од влага, смог и загадување.

Температурите растат и ги уриваат досегашните рекорди во Балтимор, Вашингтон и Ири, Пенсилванија. Предупредувања за претерани горештини се објавени во Детроит, Вашингтон и Њујорк. Топлото време што настапи пред официјалното лето ги затвори училиштата порано во Филаделфија и Луизијана.

Џеф Мастерс, метеоролог, вели дека ова е најекстремна пролет до сега забележана, со врнежи и торнада, но и диви пожари.

Во чикашката Академија за кариера Ричардс, наставникот Ерик Кац измери температура од 92 степени во училницата.

„Ова е зграда од тули. Како печка. Ништо друго не прави освен што ве пече цел ден“, вели тој.

Во Њујорк градоначалникот Мајкл Блумберг застана кај еден од 400-те центри за ладење во градот каде играше бинго со оние кои немаат каде да одат на овие горештини.

Во Савана, Џорџа, отровни змии нашле сенка каде не би требало, меѓу луѓе.

За некои, нема место за криење. Во Батон Руж, Луизијана, илјадници риби умреле. Точките на вриење на водата го отстраниле кислородот од нивната животна средина.

Раните горештини, несоответни за сезоната, се опасни и за луѓето. Во Тексас 168 домови се уништени во рекордни диви пожари за сезоната. Само оваа сезона изгореа близу 5500 квадратни милји површина, што е повеќе од последните две години заедно.

XS
SM
MD
LG