Линкови за пристапност

Се знаеше дека добра физичка форма може да спречи срцев удар, но сега се знае и дека може да помогне да се преживее.

Општо е познато дека да се биде во добра физичка форма можно е да се намaлат шансите за срцев удар, но, ново истражување покажува дека исто така можно е и да се зголемат шансите за преживување на срцев удар.

Во списанието „Mayo Clinic Proceedings“, истражувачите од Универзитетот Џонс Хопкинс и Клиничкиот центар Хенри Форд, сугерираат дека оние кои се подложни на ризик од кариоваскуларно заболување треба да започнат со фитнес активности за да се избегне можен срцев удар, но и за да се зголемат шансите за преживување на првиот.

„Знаеме дека луѓето кои се во добра физичка форма генерално живеат подолго, но, сега имаме доказ кој ја поврзува физичката виталност со преживување после првиот срцев удар“ вели Мајкл Блаха, лекар и директор на клинички истражувања на Центарот Цицерон за превенција од срцеви заболувања при Универзитетот Џонс Хопкинс. „Логично е, но сега за прв пат имаме доказ за таквата поврзаност.“

Истражувачите разгледувале медицински досиеја на 2.000 мажи и жени кои направиле тест за стрес-тест на тренажер пред нивниот прв срцев удар.

Од тие сознанија, истражувачите биле во можност да кажат за виталноста на секоја личност од нивниот резултат за метаболизмот, познат како МЕТ. Колку е резултатот повисок, во толку подобра физичка форма е личноста.

МЕТ бројките се движат од 1 до 12, кадешто еден се смета за еквивалент на седење на кауч, 3 се израмнува со одење, 7 со џогирање, 10 со скокање јаже и 12 со спринт трчање.

Највиталните имале 40 проценти помалку смртни случаи за време на првиот срцев удар, додека една третина од оние помалку виталните починале во текот на првата година откако го имале првиот срцев удар.

Истражувачите предупредуваат дека се` уште постојат неодговорени прашања околу поврзаноста помеѓу добрата физичка форма и преживувањето на првиот срцев удар.

Тие се` уште не знаат дали повиталните луѓе имаат помалку интензивни срцеви напади или срцевиот напад е со ист интензитет само тие го преживуваат подобро. Кардиоваскуларниот фитнес носи зголемена циркулацијата на крвта во срцето, што може да е причина за подобро заздравување.

Американската асоцијација за срце вели дека секоја година околу 550.000 луѓе во САД го имаат својот прв срцев напад.

XS
SM
MD
LG