Линкови за пристапност

Клинтон ќе сведочи пред Конгресот


Распитот ќе се однесува на пропустите во обезбедувањето на дипломатското претставништво во Бенгази, поврзано со нападот од 11 септември 2012-та.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон се очекува да сведочи пред Сенатот и Претставничкиот дом во среда, за пропустите поврзани со нападот на 11 септември 2012-та на американското дипломатско претставништво во Бенгази, Либија, во кој загинаа американскиот амбасдор и тројца други Американци.

Клинтон се очекува да зборува за тоа како нејзината агенција ги имплементира препораките од Бордот за ревидирање на одговорноста, што го истражуваше нападот. Во таа ревизија обезбедувањето на претставништвото во Бенгази е наречено „исклучително слабо“ и стои дека луѓето кои таму работеле имале впечаток дека безбедноста во Бенгази не била висок приоритет за Вашингтон.

Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд на новинарите во вторник им кажа дека Клинтон секогаш ја преземала одговорноста кога работите отишле погрешно. Таа кажа дека Клинтон ветила прифаќање на сите препораки на ревизиониот борд и дека ќе започне со нивно имплементирање пред да ја напушти функцијата.

Ова најверојатно ќе биде последен распит на Клинтон пред Конгресот пред да ја напушти функцијата.
XS
SM
MD
LG