Линкови за пристапност

Траума на главата и Алцхајмеровата болест


Нова студија индицира поврзаност на потрес на мозокот со зголемен ризик за болеста.

Нова студија индицира дека историја на потрес на мозокот, вклучувајќи едно моментално губење на свеста, може да го зголеми ризикот за Алцхајмерова болест придонесувајќи на таложењето на наслаги во мозокот кои се поврзани со болеста.

Истражувачите во Клиниката Мајо во Рочестер, Минесота скенирање на мозокот на 448 луѓе без проблеми со мислењето или со меморијата и 141 поединец со благи когнитивни тешкотии. Сите учесници биле на 70 години возраст или постари.

Секоја група била запрашана дали искусила повреда на мозокот што инволвира привремено губење на свеста или на меморијата.

Седумнаесет проценти на когнитивно нормални учесници кажале дека имале повреда на мозокот и 18 проценти од оние со тешкотии со мислењето или меморијата соопштиле дека имале потрес на мозокот или траума на главата.

Студијата не нашла разлика при мерењата на имиџот на мозокот сеедно дали имале повреда или не. Сепак, кај оние со благи когнитивни проблеми и историја на потрес на мозокот, скенирањето открило18 проценти повисоко ниво на наслаги на амилоид.Тие протеински депозити во мозокот се обележје на Алцхајмеровата болест.

Водечката истражувачка Мишел Мајлки наоѓањата ги смета за интересни, сугерирајќи дека може да има врска меѓу потрес на мозокот и Алцхајмеровата болест.

Статијата е публикувања во журналот „Неврологија“.
XS
SM
MD
LG