Линкови за пристапност

Со обоена светлина против депресијата


Нова студија покажа дека некои видови на светлина преку ноќ можат да предизвикаат симптоми на депресија, а некои да ја олеснат депресијата

Истражувачите, љубопитни за тоа дали бојата на светлината придонесува за симптоми на депресијата кај луѓето, дизајнирале експеримент на експонирање на хрчак на различна светлина. Тие избрале хрчаци зашто тие се активни ноќе, а спијат дење.

Една група на хрчаци била држена во темница за време на нивниот ноќен период. Друга група на овие глодачи била експонирана на сина светлина и трета група на глодачи спиела на бела светлина. Четврта група била експонирана на црвена светлина.

По две недели, истражувачите забележале колку зашеќерена вода хрчаците испиле. Најдепресираните глодачи конзумирале најмалку вода.

Ренди Нелсон е раководител на Одделот за невролошки науки на Универзитетот на Охајо. Нелсон вели дека животните кои спиеле со сина и бела светлина изгледале најдепримирани.

„Видовме дека овие животни не покажаа никакво пореметување на спиењето, но имале конфузија на гените за циркадијанскиот часовник и тие покажале депресивни фенотипови, но таму каде биле во задушена црвена светлина, го немало тоа.“


Нелсон објаснува дека фотосензитивните ќелии во ретината, кои немаат голем удел во видот, детектираат светлина и пренесуваат сигнали до главниот циркадијански часовник во мозокот, кој го контролира природниот циклус на будност и спиење.

Нелсон вели дека има многу сина боја во белата светлина, што објаснува зошто хрчаците од бела и сина светлина изгледаат подепримирани отколку глодачите кои се изложени на црвена светлина или темница.

Нелсон има сугестија за таканаречените „ниќни птици“ или луѓе кои работат во ноќни смени.

„Моја препорака е ако живеете типично активно за време на денот, и главно неактивно за време на ноќта, сакате да го лимитирате експонирањето на телевизија што е многу сина светлина, исто како и компјутерските екрани и такви работи. Може да најдете филтрирачко стакло, филтери за вашиот компјутерски екран и филтери за вашиот електронски читач за да внесете повеќе црвеникава светлина.“

Статијата за ефектите на бојата на светлината на расположението е објавена во Журналот за неврологија.
XS
SM
MD
LG