Линкови за пристапност

Хербалните лекови и бубрезите


Научниците нашле дека некои состојки во хербалните лекови можат да предизвикаат болест на бубрезите и рак, заради што се залагаат за владина регулатива на користење на билките.

Во раните 1990-ти, епидемија на болести на бубрезите се појави во Белгија кај жени кои биле третирани со кинеска хербална медицина во клиника за намалување на тежината. Билките дошле од семејството Аристолокија. Се користеле за третирање на проблеми со кожата, болки во зглобовите и други симптоми.

Грем Лорд од Кингс колеџот во Лондон вели дека болките биле поврзани со аристолокична киселина, состојка на некои од билките.

„Таа се врзува со ДНК и предизвикува болест на бубрезите. Предизвикува рак во области каде е најмногу концентрирана, што веројатно го објаснува фактот што ракот е најмногу фокусиран околу уринарниот тракт и бубрезите.“

Лорд е водечки автор на нова студија што ја опишува болеста на бубрезите, сега позната како невропатија на аристокична киселина, и сугерира стандардизирана дијагноза и протокол на третман.

Билки што содржат аристолокична киселина се забранети од Европа и во САД.

„Забрана на увоз, работење со оние кои практикуваат хербална медицина што во минатото користеле такви лекови, може да бидат исклучително ефикасни“, вели Лорд.

Лорд сепак признава дека е тешко да се утврди колку точно луѓе всушност добиваат бубрежна болест од овие билки. Сигурна дијагноза бара поусовршено тестирање за да се направи разлика од другите видови на бубрежни болести.

Извештајот е објавен во публикацијата „Анали на интерната медицина“.
XS
SM
MD
LG