Линкови за пристапност

Волонтерски медицински персонал помага на луѓе со болести на коските и зглобовите кои не можат да си дозволат операција

Луѓе кои страдаат од болести на коските и зглобовите живеат со болка секој момент од животот. За некои единствена солуција е замена на колк или колено, што е скапа процедура која не можат да си ја дозволат многумина во светот. Организација со седиште во САД, наречена „Операција одење“ работи на лекување на луѓе од Танзанија, Непал па се` до САД, кои поинаку не би можеле да имаат третман.

Стивен Мекелар живеел со болка. Тој вели дека таа е присутна 24 часа на ден.

Мекелер страда од остеоартритис, болест на зглобовите. Едноставното стоење за него било исклучително болно. Му било потребно замена на двата колка, но не можел да си го дозволи тоа зашто немал здравствено осигурување.

Вели дека се повлекол во себе, се издвоил од светот и бил на работ да се откаже, толку бил депресивен.

Но, организацијата „Операција одење“ го вратила во живот. Добил бесплатна замена на колковите, болката исчезнала, а со тоа и депресијата, вели неговата сопруга Вали Мекелар:

„Стоеше исправено. Како да се врати мојот сопруг на времето пред болеста. Целиот стрес од ликот му исчезна“.

Лоренс Дор, е ортопедски хирург во Лос Анџелес кој ја извел операцијата. Тој ја основал организацијата во 1996-та. Им помага на сиромашни луѓе во земјите во развој меѓу кои Непал и Танзанија каде луѓето со болести на коските и зглобовите се соочуваат со стигма.

„Ако сте сакат, отфрлен сте. Ако сте жена, нема да се омажите, а ако сте маж, нема да најдете работа“, вели тој.

Во Лос Анџелес, физикалната терапевтка Диана Донофрио која работи со „Операцијата одење“ му помага на Стив Мекелар да се опорави од операцијата. Таа вели дека не се работело за финансиска награда кога се приклучила на таа работа, туку страста кон професијата и помошта што ја дава некому да оди повторно.

Доктор Дор вели дека гледа промена кај многу волонтери-лекари и медицински персонал кои им помагаат на пациенти во земјите во развој:

„Тие сфаќаат дека можат да направат работи кои не верувале дека можат да ги прават. И тие можат да помагаат на луѓе повеќе отколку што знаеле дека можат. И тоа ги менува. Ги менува на подобро.“

Доктор Дор вели дека за тие волонтери, работата станала смисла на животот.
XS
SM
MD
LG