Линкови за пристапност

Подебелите имаат помал ризик од смрт


Луѓето кои се малку подебели се во помал ризик од прерана смрт отколку нормално тешките поединци.

Студиите, од кои најголем дел изведени во изминатата деценија, вклучиле околу три милиони возрасни од цел свет. Колективна анализа од овие студии, од истражувачи во Националниот центар за статистика од областа на здравството во Мериленд, дел од Аамериканските центри за контрола на болести и превенција, открива дека малку подебелите поединци имаат шест проценти помала веројатност да умрат од сите можни причини споредено со луѓето со нормална тежина. Но истажувачите нашле дека многу дебелите поединци се` уште имаат 30 проценти поголем ризик од смрт споредено со поединци со здрава тежина.

Анализата инволвира студии изведени во САД, Канада, Кина, Тајван, Бразил, Индија и Мексико.

Главниот автор на студијата Кетрин Флигал, вели дека не била изненадена што подебелите имале помал ризик од смрт:

„Затоа што ние веќе имавме прочитано многу ваква литература и сфативме дека стапката на смртност ќе биде барем не повисока кај подебелите. Можеби малку изненадувачки беше кога излезе дека помала стапка на прекумерна тежина не е многу различно од нормална тежина“.

Но Флегал нагласува дека разликата во стапката на морталитет меѓу луѓе со нормална тежина и малку подебелите се чини дека е мала.

Ова наоѓање покрена нови прашања за основаноста на таканаречениот „индекс на телесна маса“ – мерка на телесните маснотии во однос на висината и тежината, што последниве години беше промовирано од здравствените експерти како барометар за потенцијални здравствени ризици.

Стивен Хајмсфилд, извршен директор на Центарот за биомедицинско истражување Пенингтон во Батон Руж, Луизијана, вели дека лица во добра форма може да бидат совршено здрави, но може да имаат тежина со поголема мускулна маса.

„Тоа е многу вообичаено во армијата, на пример, каде имате млади луѓе кои се физички фит, но со повисок индекс на телесна маса“.

Но, Хајмсфилд предупредува дека не треба да се заклучи дека е во ред да се ставаат екстра килограми, зашто здравата тежина го намалува ризикот од срцеви болести и дијабетис.

Истражувањето е публикувано во Журналот на Американската медицинска асоцијација.
XS
SM
MD
LG