Линкови за пристапност

Научниците веруваат дека ја решиле мистеријата на поврзаноста на вирусот со мозочните проблеми.

Тежок случај на деменција поврзана со ХИВ-вирусот ретко се среќава кај пациентите кои земаат анти-ретровирални лекови. Но, експертите велат дека поблага форма на на губење на когнитивните способности, што вклучува депресија, проблеми со меморијата и моторните способности, е вообичаена.

Алиша Бакус е научник и истражувач во Медицинскиот центар при Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

„Мошне висок процент од лица инфицирани со ХИВ, развиваат невролошки пореметувања што не се ни половина сериозни како случаите со деменција, но може да бидат мошне проблематични“, вели таа.

Бакус и нејзините колеги се чини дека го откриле биолошкиот механизам одговорен за послаби мозочни пореметувања, нов момент што може на крај да води до тест за одредување кој е во ризик за овие невролошки проблеми.

Тоа има врска со факторот за растеж на протеини што важи како „храна“ за мозочните клетки или неврони. Додека вирусот на СИДА-та не ги напаѓа мозочните клетки директно, тој го попречува производството на протеини во мозокот што води кон намалување на клетките што ги поврзуваат невроните еден со друг. Кога мозочните клетки ја губат способноста да комуницираат преку невролошките врски, тие умираат, а мозочната функција се намалува.

Откритието произлезе од 17-годишна студија спроведена на националано ниво која вклучувала 130 жени ХИВ-позитивни. Научниците велат дека кога во крвта е пронајден помал број на протеини, жените биле изложени на поголем ризик да развијат мозочни пореметувања.

Сево ова можно е да води кон производство на соединение или молекула за третман на когнитивните проблеми и серизните случаи на депресија кај луѓето со оваа болест.

Научниците веруваат дека ваквиот лек може да се дава на пациенти инфицирани со ХИВ, но и оние со Паркинсонова и Хантингтонова болест.

Студијата е објавена во Журналот за невронаука.
XS
SM
MD
LG