Линкови за пристапност

Вакцинирање на бремените жени против грип


Вакцинирање на бремените жени против грип
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00
Direct link

Вакцинирање на бремените жени против грип

За време на пандемијата на Ха-1 Ен-1 2009-тата, бремените жени беа во категоријата висок ризик од компликации опасни по животот, а многумина и хоспитализирани.

Центарот за контрола и превенција на болести анализира верзија на грипот што содржи ген од пандемискиот вирус Ха-1 Ен-1 од 2009-та. Од него се заразија милиони луѓе, а особено беа ранливи бремените жени, за кои лекарите препорачуваа да се вакцинираат. Но, дали вакцинирањето е безбедно за неродените бебиња?

За време на пандемијата на Ха-1 Ен-1 2009-тата, бремените жени беа во категоријата висок ризик од компликации опасни по животот, а многумина и хоспитализирани.

Доктор Мајкл Кац од непрофитната фондација за мајки и бебиња, Марч оф дајмс говори за опасностите:

„Грипот кај бремените жени е многу опасен за фетусот. Може да предизвика спонтан абортус, дефект при раѓањето или предвремено породување“, вели доктор Кац.

Затоа американските здравствени лица ги ставија бремените во приоритетната група за вакцинирање за време на пандемијата на Ен-1 Ха-1. Центарот за контрола и превенција на болести ги советуваше жените да се вакцинираат во раниот стадиум на бременоста.

За време на пандемијата, европските доктори го препорачуваа истото. Тоа вообичаено не е случај во Европа, но според доктор Бјорн Пастернак, пандемијата ги сменила нештата. Тој раководеше со истражувањето за вакцината против Ха-1 Ен1 на Институтот Статен серумс во Данска, што споредува 330 бебиња чии мајки примиле вакцина во првото тромесечје од бременоста, со ист број кои не биле вакцинирани.

За време на првото тромесечје, фетусот е особено ранлив на супстанците што ги внесува мајката. Истражувањето регистрирало дека кај бебињата изложени на вакцината, имало за малку повеќе изразени дефекти при раѓањето и предвремени породувања. Но, доктор Пастернак тврди дека разликата е статистички незначителна, што ќе рече, ако се направи споредба со нова група бебиња, може да појде во обратна насока.

„Не пронајдовме зголемен ризик од каков и да е` дефект при раѓање, предвремено породување или ограничен раст поврзан со вакцинирањето со Ха-1 Ен-1 за време на бременоста“, вели доктор Пастернак.

Доктор Мајкл Катц се согласува:

„Ако постои опасност од епидемија, според мене, треба веднаш да се прими вакцина“, додава Кац.

Новото истражување е објавено во Журналот на Американското медицинско здружение.
XS
SM
MD
LG