Линкови за пристапност

Физичка неактивност – ризик по здравјето


Се наведува во серија нови студии објавени во журналот за наука Лансет.

Во серија студии објавени во журналот за наука Лансет се наведува дека физичката неактивност може да резултира во глобална пандемија што може да однесе ист број на животи како прекумерната тежина и пушењето. Научници откриле дека недостатокот на физичката активност била одговорна за смртта на 5,3 милиони лица во 2008-та година и е причина за најмалку еден на секои 10 смртни случаи ширум светот.

Неактивноста според студиите, е одговорна за 6% од коронарните заболувања, 7% од дијабетес два и 10% од рак на дојка и на дебелото црево.

Откриено е дека физичката неактивност е позастапена кај жените и дека е прусутна повеќе во земјите со повисоки примања.
XS
SM
MD
LG